Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
ПСЖ го здроби Лориен со 5-1 во Лига 1, а Килијан Мбапе и Нејмар постигнаа по два гола, додека еден погодок имаше и Лионел Меси.
Бразилецот често е критикуван од медиумите дека не е посветен на фудбалскиот терен и обожава алкохол и забави, по што Нејмар реши да ги „пецне“ новинарите.
„Играв добро бидејќи бев пијан, како што сакаат некои луѓе да кажат“, вели Нејмар.
Во медиумите има шпекулации дека Нејмар ќе си замине од клубот, но засега не пристигнале понуди во Париз за услугите на бразилскиот фудбалер.