Јокиќ испиша историја: Вакво нешто на никој досега не му успеа во НБА


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Српскиот кошаркар Никола Јокиќ стана првиот кошаркар во НБА-лигата кој во една сезона постигнал најмалку 2.000 поени, 1.000 скокови и 500 асистенции.

Денвер нагетс славеше со 122-109 против Мемфис гризлис, а вечерта помина во знак на Јокиќ, кој му помогна на тимот да се пласира во нокаут-фазата.

Јокиќ постигна 33 поени на натпреварот, а притоа додаде 16 скокови, шест асистенции и четири украдени топки, иако на почетокот на мечот прими удар поради кој му се раскрваре главата.

„Ова е најдобар момент во мојот живот, кој ќе го паметам засекогаш“, кажа најдобриот кошаркар на Денвер нагетс.