Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Хрватскиот фудбалер Лука Модриќ е еден од најважните играчи на Реал Мадрид, а тоа го покажа и во дуелот против Челси, кога му асистираше на Родриго и го врати во живот шпанскиот гигант.
Модриќ има договор со „кралевите“ до крајот на сезоната, а засега не е познато дали ќе остане во шпанскиот клуб или ќе заигра на друго место.
Хрватот има 36 години, но докажува многупати дека тоа е само бројка, па затоа привлече интерес од две екипи.
До Модриќ наводно пристигнале две понуди, а едната е од Серија А односно од Јувентус, додека втората е од Катар.
Претседателот Флорентино Перез ќе мора да реагира наскоро ако сака да го задржи искусниот фудбалер во својата екипа.