„Посебна улога во успехот на Модриќ има неговата сопруга…“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Лука Модриќ уште еднаш покажа дека е доктор за фудбал, откако го врати Реал Мадрид во живот против Челси и најави голем пресврт.

Пофални зборови за хрватскиот фудбалер имаше и докторот Влатко Вучетиќ од факултет во Загреб, кој вели дека заслуга за успехот на Модриќ има и неговата сопруга.

Вучетиќ смета дека сопругата Вања Модриќ игра главна улога во животот на Лука и му помага да биде успешен.

„Модриќ има уреден живот и зад себе има средено семејство. И тука посебно важна улога има неговата сопруга Вања. Тој кога ќе стигне дома, доаѓа во својата оаза на мирот во која организмот може да се опушти. Многу е важно тоа за секој фудбалер. Мора секој да има стабилност и мир за да биде подготвен за следни предизвици“, вели докторот.