Неочекувана поддршка за Бензема: Дајте му ја „Златната топка“ на моето момче!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Манчестер сити и Реал Мадрид го одиграа првиот меч во полуфиналето на Лигата на шампиони (ЛШ), а тој му припадна на премиерлигашот со 4-3.

Иако неговиот тим беше поразен, сепак Карим Бензема повторно одигра одлично и постигна два гола, па беше најзаслужен за тесниот пораз.

Напаѓачот на Реал оваа сезона во 10 одиграни меча во ЛШ постигна 14 голови, а тоа го импресионираше и неговиот поранешен соиграч Месут Озил.

„Каков фантастичен натпревар. Дајте му ја Златната топка на моето момче“, напиша Озил на социјалните мрежи.

Озил и Бензема во дресот на Реал заедно настапија на 118 натпревари, а еден на друг си асистираа при 19 голови.