Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Реал Мадрид сака да го задржи хрватскиот фудбалер Лука Модриќ, па поради тоа ќе мора да ја урне традицијата.
„Кралевите“ им го продолжуваат договорот на една сезона на фудбалерите кои имаат над 30 години, но овој пат поради Модриќ би можел да се случи преседан.
Екипата наводно се договорила со Модриќ, кој ќе треба наскоро да потпише договор на една плус една година, со што би можел да остане во Мадрид до 2024 година.
Единствен услов за продолжување на соработката за уште една година е да одигра одреден број натпревари, што најверојатно и ќе се случи со оглед дека е неизоставен дел од тимот.