Навивачи на Реал го напуштија стадионот во 80. минута, па полицијата не им даде да се вратат (Видео)

Неколку навивачи на Реал Мадрид го напуштија стадионот во 80. минута, кога Манчестер сити водеше со 1-0.

Нетрпеливоста ги чинеше многу скапо затоа што пропуштија голем спектакл на теренот, откако 10 минути подоцна Родриго ја затресе мрежата на Манчестер сити и го најави пресвртот.

Баксузните навивачи забележаа дека се случува нешто на теренот и посакаа да се вратат назад, но полицијата не им дозволи, па тие мораа да бараат место од каде што ќе може барем делумно да го гледаат натпреварот.

А дел од нив немаа друг избор, па го догледаа дуелот преку нивните мобилни телефони.