Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Родриго е вистински херој на Реал Мадрид, откако постигна неколку важни голови на последните натпревари, меѓу кои беше и тој против Манчестер сити во полуфиналето на Лигата на шампиони (ЛШ).
Родриго постигна два гола и го најави пресвртот на „кралевите“ во големото дерби против „граѓаните“, иако премиерлигашот имаше водство до 90. минута.
„Се обложив со татко ми и му кажав дека ќе постигнам хет-трик против Сити, но постигнав само два гола. Сега треба да постигнам уште еден, а тоа ќе се случи во финалето против Ливерпул. Не можам со зборови да опишам како се чувствувавме против Сити“, вел Родриго.
Финалето во елитното натпреварување е закажано за 28 мај во Париз.