Халанд бил блиску до Реал Мадрид, но поради еден детал пропаднал трансферот


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Манчестер сити потврди дека се договорила со Борусија Дортмунд за трансфер на Ерлинг Халанд, иако имаше шпекулации дека Норвежанецот би можел да потпише и за Реал Мадрид.

„Марка“ откри дека Халанд бил блиску до договор и со Реал Мадрид, но на крајот преговорите пропаднале затоа што не можеле да му ветат место во стартниот состав.

„Кралевите“ веруваат дека местото во нападот треба да му припаѓа на Карим Бензема, кој сезонава игра во фантастичана форма и веруваат дека ќе продолжи во ист ритам барем уште една или две сезони.

Исто така, во Мадрид се очекува да пристигне и Килијан Мбапе, па така дефинитивно не би имало место за Халанд во стартниот состав на шпанскиот шампион.