Шоу: Нов претставник на Србија на Евровизија треба да биде Ѓоковиќ (Видео)

Најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ во неделата го освои шестиот трофеј на Мастерсот во Рим, откако во финалето беше подобар од Гркот Стефанос Циципас.

Србинот беше расположен по финалето и реши да направи забава за публиката на стадионот „Форо Италико“.

Пред да одржи говор на свечената церемонија, Ѓоковиќ запеа и ја воодушеви публиката, па доби аплаузи и овации од страна на навивачите.

Неговиот потег ги воодушеви сите од Србија, кои веднаш го предложија да ги претставува на Евровизија следната година.