Инцидент во Гостивар: Тренерот на Пелистер погоден со предмет! (Видео)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Немили сцени беа забележани вчера на мечот меѓу Гостивар и Пелистер во македонската кошаркарска лига, при што дуелот беше прекинат во последната четвртина.

Тренерот Марјан Илиевски беше погоден со предмет од трибините, по што со полициски службеници беше испратен до соблекувалната.

По целата драма беше решено натпреварот да се доигра пред празни трибини, по што двете екипи останаа со по пет кошаркари на теренот, без тренери и резервни играчи.

Пелистер, сепак, славеше на крајот по целата драма со 89-84.