Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Првото финале по Конференциската лига вечерва се одигра во Тирана, а му припадна на тимот на Рома, кој славеше со 1-0 против Феенорд.
Жозе Мурињо се соочи со првиот проблем во 17. минута, кога Хенрик Михтарјан се повреди, па мораше да ја напушти играта.
Подоцна падна и првиот гол, кога Манчини одлично го пронајде Заниоло, кој без многу проблеми ја затресе мрежата на Феенорд за водство од 1-0 на Рома.
Во продолжение имаше возбудувања на двете страни, а на крајот Рома стигна до трофејот, кој е нивни прв по 2008 година, кога го освоија италијанскиот Куп и Суперкуп, додека ова е прв европски пехар во нивната историја.