Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Калчолигашот Рома во средата ја освои првата европска титула во рамки на УЕФА натпреварувањата, откако победи во финалето на Конференциската лига против Феенорд со 1-0.
Оваа победа на Рома ѝ донесе околу 15 милиони евра, но тие заработија пари и од останатите натпревари и самото учество, па ќе добијат околу 20 милиони евра.
Тимот од Рим заработи 14,6 милиони евра од паричниот фонд на натпреарувањето, како и 2,94 милиони евра за пласман во групна фаза, но и 2,15 милиони евра за бодовите кои ги освоија во групата.
Исто така, добија 650.000 евра за освојување на првото место во групата, како и 300.000 евра за пролетните елиминации. По што следат награди од 600.000 евра за место во осминафинале, па еден милион за четвртфинале, два милиони за пласман во полуфинале и пет за победата.