Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалерите на Реал Мадрид ја прославија 14. титула во Лигата на шампиони (ЛШ), а воодушевувањето не можеше да го сокрие ниту претседателот на клубот, Флорентино Перез.
Перез по победата против Лииверпул испрати јасна порака до шпанските новинари.
„Ја славиме совршената сезона на Реал Мадрид. Шампиони сме на Шпанија и на Европа. Мбапе? Заборавивме веќе на него“, кажа Перез.
Првиот човек на „кралевите“ кажа дека секогаш ќе се трудат да ги ангажираат најдобрите фудбалери во светот.
„Така беше во минатото, така ќе биде и во иднина. Но, сега навистина не е тема на разговор кого ќе купиме летово“, вели Перез.