Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонскиот тренер Емил Рајковиќ е еден од кандидатите за нов тренер на ЦСКА Москва, а според руските медиуми неговиот агент веќе имал преговори со рускиот тим.
Димитриос Итуидис си заминува од ЦСКА Москва, па рускиот тим почна да бара нов стратег, а изборот може да падне на Рајковиќ, кој оствари многу успеси во ВТБ-лигата.
„Слободен агент“ објави дека Рајковиќ бил понуден и на Зенит, кој е втор најдобар руски тим, па останува да видиме дали некој од нив ќе го ангажира македонскиот стратег.
Засега не е познато дали ЦСКА ќе добие дозвола за настап во Евролигата следната сезона поради актуелната ситуација во Украина.