Бензема откри: Први шест месеци во Мадрид ми беа пеколни, имав проблеми со Мурињо…


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Францускиот напаѓач Карим Бензема имаше неверојатна сезона со Реал Мадрид и ги освои титулите во Лигата на шампиони (ЛШ) и Ла Лига.

Бензема одигра одлична сезона, а тоа најверојатно ќе му ја донесе „Златната топка“, освен ако не се случи некое изненадување.

„Мојата прва сезона, први шест месеци во Реал беа многу тешки. Не зборував шпански и беше комплицирано. За среќа, не се откажав. Имав проблеми со Мурињо. Се сретнавме во хотел еден ден пред мечот со Мајорка, а тој не сакаше да ме стави во составот, по што се скаравме. Ако ме ставиш, ќе постигнам гол и на крајот мечот заврши 1-0 со мојот гол“, кажа Бензема.

Французинот во кариерата настапуваше и за Лион, а за Реал досега одигра 605 меча и притоа постигна 323 гола и 159 асистенции.