Халанд се пожали од Србин: Ме нарече ку*ва и кажа дека ќе ми ги скрши нозете!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Ерлинг Халанд ја почна феноменално Лигата на нации, откако на два меча постигна три гола за својата репрезентација, која е на првата позиција со шест бодови.

Халанд имаше тешка битка со репрезентативците на Србија во четвртокот, а потоа и против Швеѓаните во недела.

На дуелот против Шведска, Александар Милошевиќ, кој има српско потекло, му се заканил на Халанд и го навредувал во текот на натпреварот.

„Ме нарече ку*ва. Но, можам да кажам дека не сум такво нешто. А потоа ми се закани дека ќе ми ги скрши нозете. Сепак, една минута подоцна постигнав гол. Тоа беше прекрасно чувство, се надевам дека нема навистина да ми ги скрши нозете следниот пат“, кажа Халанд.