Гвардиола: Надал е најдобар шпански спортист во историјата!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола беше на фудбалски турнир во Мајорка, а притоа новинарите решија да му постават неколку прашања.

Новинарите му поставија прашање на Гвардиола и за Рафаел Надал, кој вчера го освои 22. гренслем-трофеј во кариерата.

„Надал е неверојатен, зборуваше за проблемите со повреди, но и покрај тоа победува. Не може да го запрете, а верувам дека ќе продолжи во ист ритам ако ги издржи проблемите“, кажа Гвардиола.

Еден од новинарите го праша Гвардиола дали според него Надал е најдобар шпански спортист во историјата, по што следеше потврден одговор.