Срамотна статистика на Ибрахимовиќ во Манчестер Јунајтед


    Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


    По одличниот старт во Манчестер Јунајтед, Златан Ибрахимовиќ се наоѓа во блага криза на формата кој најверојатно лошите изданија на „црвените ѓаволи“ лошо му влијаат.

    За волја на вистината, Ибрахимовиќ не игра лошо и постигна четири гола во Премиер лигата, но на неговата сметка мора да има уште барем два или три гола, доколку се погледне неговата статистика.

    Швеѓанецот е фудбалерот со најмногу удари во Премиер лигата. Тој упати дури 38 удари, девет повеќе од фудбалерот на Ливерпул, Филипе Кутињо кој се наоѓа на второто место.

    Во просек, речиси секој десетти (9.5) удар на Златан завршува во противничката мрежа, што е доказ дека одличниот напаѓач сеуште добро не го наместил нишанот од доаѓањето на Островот.