Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Реал Мадрид без дилеми е најголемиот клуб во светот, а сезонава ги освоија Лигата на шампиони (ЛШ) и Ла Лига, меѓутоа „кралевите“ имаат и темна страна за која зборуваше Весли Снајдер, кој бил понижен и избркан од стадионот.
Снајдер за медиумите откри како се збогувал со шпанскиот гигант и нема добри спомени од Мадрид.
„Најлошиот дел од мојата кариера беше кога се збогував од Реал Мадрид. Заминав во теретана, а потоа дојдов до својот плакар кој беше празен. Потоа бев со претседателот на разговор, а тој не ми даде шанса ништо да кажам, туку ми порача дека не сум им во плановите и сакаат да ја освојат Лигата на шампиони. Бев разочаран и изненаден“, открива Снајдер.
Два дена подоцна му се јавил Жозе Мурињо, кој го повикал Снајдер да се пресели во Милано.
„Весли, знам дека е тешка ситуацијата, дојди во Интер, ќе освоиме сè“, биле зборовите на Портгугалецот.
Снајдер во 2009 година се преселил од Реал во Интер, а уште во првата сезона ја освои тројната круна.