Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонскиот голман Борко Ристовски зборуваше за тоа што повеќе не е член на македонската ракометна репрезентација, иако во минатото беше редовен член.
Голманот на Вардар гостуваше во емисијата „Фер Плеј со Јана“ на „Телма“ и кажа дека не е во репрезентацијата поради неговата политичка определеност.
„Тргнат сум од репрезентацијата политички, по наредба на висок човек. Не е важно тоа, не сакам да зборувам. Не очекував дека сите ќе бидат против мене, но јас сум човек кој е независен од никого и ослободен од сите стеги на општеството, финансиски, човечки и карактерно“, кажа Ристовски.
Ристовски последен пат за репрезентацијата на Македонија настапи на Европското првенство (ЕП) во 2020 година.