Шкупи се раздели со шест фудбалери

Македонскиот шампион Шкупи денеска се раздели со шест фудбалери, па така од клубот си заминуваат Марко Ѓорѓиевски, Костадин Чешмеџиев, Александар Ѓурковски, Ардит Иљази, Фатих Исмаили и Абдул Руатубјаје.

Шкупи ги почна подготовките за новата сезона во Охрид и квалификациите во Лигата на шампиони (ЛШ), а утре ќе го дознае првиот противник.

Тимот од Чаир со сите го раскина договорот спогодбено и им се заблагодари за помошта во освојување на титулата во македонската Прва лига.