Најтешко е да се каже – збогум: Роналдо му испрати моќна порака на Марсело (Фото)


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Бразилскиот фудбалер Марсело се збогуваше од Реал Мадрид во солзи, затоа што го напушта клубот по 15 години и 25 освоени трофеи.

Марсело играше за шпанскиот тим до 2007 година, кога пристигна од бразилски Флуминензе, а со 25 трофеи стана најтрофејниот играч во историјата на клубот.

„Денеска ми е најсреќниот ден откако сум во Мадрид затоа што заминувам и знам што оставив во наследство“, кажа Марсело.

Кристијано Роналдо ја делеше соблекувалната со Марсело, па му испрати моќна порака преку социјалните мрежи.

„Повеќе од соиграч, брат кој ми даде фудбал. На теренот и надвор од него, една од најголемите ѕвезди со кои сум ја делел соблекувалната“, напиша Роналдо.