Перез: Политичарите не му дозволија на Мбапе да дојде во Реал Мадрид!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез гостуваше во емисијата „Ел Чирингито“, каде што разговараше за различни теми со водители.

Една од темите беше поврзана за францускиот напаѓач Килијан Мбапе, кој летово требаше да го засили шпанскиот и европски првак, но сепак тоа не се случи.

Перез смета дека причина за одлуката на Мбапе е реакцијата на францускиот претседател Емануел Макрон, но и лудите финансиски услови кои му ги понудил ПСЖ.

„Килијан Мбапе не ме предаде, многу пати ми кажа дека сака да игра за Реал Мадрид. Но потоа се промени за само 15 дена поради политички и економски притисок. Макрон му се јави на Мбапе и тоа не е нормално. Му понудија луди работи. Тоа повеќе не беше истиот Мбапе кој го сакавме. На крајот од денот никој не е поголем од Реал Мадрид и тоа нема да се промени“, кажа Перез.