Шакира е минато: Пике уловен во автомобил како ужива со новата девојка


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Шпанските медиуми пишуваат за сапуницата меѓу Шакира и Жерар Пике, кои се разделија по долгогодишна врска, а фудбалерот на Барселона бил уловен со 22-годишна девојка.

Новинарите кои го следат Пике објавија дека фудбалерот бил забележан со новата девојка во утринските часови во неговиот автомобил.

Новата девојка на Пике работела како келнерка во еден ноќен клуб, но откако почнала да се гледа со дефанзивецот, таа прекинала да доаѓа на работа.

Пике сакал да ја заштити неговата девојка, па бега од новинарите затоа што не сака да ги видат во јавност.

Во меѓувреме Шакира ги изненади неговите родители и реши да направи ѕид кој ќе го раздели нејзиниот дом со тој на таткото и мајката на Пике.