Перез го „пецна“ Мбапе: Кутро момче, сигурно веќе жали… (Видео)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез реши да го „пецне“ Килијан Мбапе, кој беше блиску до преселба во шпанскиот гигант, но сепак на крајот остана во ПСЖ.

Мбапе доби улога на „спортски директор“ во тимот од Париз, како и луди финансиски услови, а реагираше и претседателот на државата, Емануел Макрон, па тоа ги налути Шпанците.

Перез им даваше автограми на навивачите, при што еден му кажа да не го бара повеќе Мбапе во тимот затоа што не им треба.

„Кутро момче, сигурно веќе жали“, кажа Перез.