Стојановски по три години се врати во Македонија и ја засили Шкендија


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Поранешниот македонски репрезентативец Влатко Стојановски потпиша за македонскиот прволигаш Шкендија, откако ги помина медицинските прегледи.

Стојановски по три години се враќа во Македонија, откако во 2019 година за 1,5 милиони евра беше продаден во Ним, а една година беше на позајмица во Шамбли, по што заигра и за хрватска Горица.

Македонскиот напаѓач во 2019 година беше најдобар стрелец во Првата лига, додека првиот настап за Македонија го имаше на 16 ноември 2019 година.

За Шкендија ова е трето засилување, откако тетовската екипа претходно се засили со Башким Велија и голманот Давор Талески.

Стојановски во тек на кариерата играше уште за Металург, Сплит, Дугопоље, по што во 2018 година се пресели во Ренова.