Дама од Косово откри мрачна тајна за Реал Мадрид


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Косоваре Аслани, Швеѓанка со потекло од Косово, реши кариерата да ја продолжи во Милан, а за медиумите откри нешто што никој досега не го знаел за Реал Мадрид.

Искусната Швеѓанка отворено зборуваше за Реал Мадрид и го опиша како „опасна околина“, па смета дека е време нешто да се промени во односот кон фудбалерките.

„Тоа е нездраво и опасно за фудбалерките. Тешко е да се откријат сите детали за тоа како се формираше една култура во клубот, која би ја нарекла нездрава околина за фудбалерките. Морав да играм повредена без да добијам никаква помош“, вели Аслани.

Поранешната напаѓачка на шпанскиот тим го крена гласот, откако такво нешто досега никој не направил во женската екипа.

„Мислам дека направив многу работи за тимот. Постои притисок да играте кога сте повредени или болни. Мислам дека клубот е во погрешни раце“, открива Аслани.