Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Марсело по 15 години си замина од Реал Мадрид, па некој мораше да ја наследи капитенската лента, а тоа е францускиот напаѓач Карим Бензема.
Бензема ќе биде прв капитен на „кралевите“ во новата сезона, а ова нема да биде нова улога за него затоа што и во претходната сезона често ја носеше капитенската лента.
Французинот ќе стане четврти странски фудбалер во историјата на Реал Мадрид, кој ќе ја носи капитенската лента.
Бензема минатата сезона на 46 натпревари постигна 44 голови и додаде 15 асистенции, па беше предводник во освојување на шпанската Ла Лига и Лигата на шампиони (ЛШ).