Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Кристијано Роналдо сака да го напушти Манчестер јунајтед уште ова лето за да си најде тим кој ќе игра во Лигата на шампиони (ЛШ) и ќе се бори за титулата.
Оваа вест ја изненади цела јавност во Англија, а сега критики пристигнаа од поранешниот фудбалер на Ливерпул, Џејми Карагер.
Карагер на неговиот профил на Твитер откри што мисли за идејата на Роналдо.
„Роналдо го направи точно тоа што мислев дека ќе го направи. Постигнуваше голови, но го направи тимот полош. Неговото барање за трансфер исто така го демантираше неговот тврдење дека го одбил Манчестер сити“, кажа Карагер.