Не било до засилувањата: Познато зошто Роналдо сака да си оди од „Олд Трафорд“


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Кристијано Роналдо не се појави на подготовките на Манчестер јунајтед за новата сезона, а пред неколку дена англиските медиуми објавија дека Португалецот сака да си замине.

„Црвените ѓаволи“ не успеаа да изборат пласман во натпреварувањето и ќе ги гледаме во Лига Европа, а тоа не му се допаѓа на Роналдо.

Роналдо кажа дека сакал да замине поради тоа што екипата не добила соодветни засилувања, но очигледно има друга причина, а тоа го објави „Мирор“.

„Мирор“ објави дека искусниот напаѓач е разочаран затоа што ќе му биде платата намалена за 25 отсто поради тоа што нема да играат во Лига на шампиони, па ќе заработува „само“ 360.000 фунти неделно.