Фонте со совет за Роналдо: Најдобро ти е да се вратиш во Реал Мадрид!


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо не се појави на подготовките на Манчестер јунајтед и јасно кажа дека сака да си замине од премиерлигашот.

Неговиот сонародник Хозе Фонте зборуваше за иднината на Роналдо и кажа дека Португалецот треба да се врати во Реал Мадрид.

„Знам колку сака да игра во Лигата на шампиони, затоа што само така може да ја освои Златната топка. Роналдо сака да освојува трофеи, па мислам дека најдобра опција за негов следен клуб е Реал Мадрид. Не знам дали сакаат да го купат, но тоа би бил идеален потег за него“, кажа Фонте.

Роналдо во претходниот период се поврзува со многу тимови, меѓу кои се Баерн Минхен, ПСЖ, Рома и Челси.