Фудбалер на Реал и девојка му биле дрогирани на Ибица!


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Аргентинска водителка откри дека фудбалерот на Реал Мадрид, Феде Валверде и неговата партнерка Мина Бонино биле дрогирани и ограбени за време на одморот на Ибица.

Бонино на крајот на одморот на Инстаграм откри што им се случило, а тоа го направил нивниот готвач, кој специјално го ангажирале.

„Кога дојдовме дома, куварот ни кажа дека има само еден клуч од куќата и ќе го задржи за да може следното утро да влезе и да ни направи доручек. Следното утро не можев да станам од кревет, сè ми се вртеше, а еден час подоцна открива дека ни се украдени 10.000 евра“, откри Бонино.

Куварот потоа исчезна, а девојката на Валверде сведочи дека биле на тестирање во болница, по што анализата покажала дека биле дрогирани.