Роналдо во проблем: Никој не го сака, доби „корпа“ и од ПСЖ!


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Кристијано Роналдо го извести раководството на Манчестер јунајтед дека сака да си замине од клубот, иако тренерот Ерик Тен Хаг кажа дека не планира да го продаде Португалецот.

Роналдо му бил понуден и на ПСЖ, но францускиот гигант го одбил Португалецот затоа што смета дека неговиот трансфер нема да има позитивен ефект.

Претходно Роналдо доби „корпа“ и од Баерн Минхен, кој веќе го купи Садио Мане, а го има и Роберт Левандовски барем засега.

Челси се споменуваше како уште еден кандидат за потписот на Португалецот, но гигантот од Лондон го договори Рахим Стерлинг, а разговара и за уште неколку засилувања.

Роналдо во моментов е на одмор поради семејни проблеми, а неговиот тим славеше вчера против Ливерпул со 4-0.