Роналдо ќе стане најплатен играч во историјата – доби понуда од 300 милиони евра!


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Кристијано Роналдо има 37 години, но и покрај тоа владее голем интерес за неговите услуги, а исто така не е тајна дека Португалецот има желба да замине од Манчестер јунајтед.

Во претходните недели Роналдо се поврзуваше со трансфери во Баерн Минхен, Челси, Рома, Наполи и останати клубови, но ниту еден не направи конкретен потег.

Сепак, Роналдо доби една понуда која не би ја одбил никој друг фудбалер во светот, зашто на негова адреса пристигнала понуда од Саудиска Арабија вредна 300 милиони евра.

Арапски клуб се обидува да го убеди Роналдо да потпише двегодишен договор со плата од 125 милиони евра по сезона, додека уште 50 милиони евра ќе му припаднат на премиерлигашот.