Тен Хаг добива засилување во одбраната од Ајакс

Манчестер јунајтед се наоѓа на чекор до потпис со фудбалерот на Ајакс, Лисандро Мартинез, кој заедно со неговиот агент се веќе во приватен авион и на пат кон „Олд Трафорд“.

Тоа го покажа фотографијата која ја објави аргентинскиот фудбалер на социјалните мрежи, а Мартинез треба да биде трето засилување по Маласија од Феенорд и Кристијан Ериксен, кој денеска потпиша за „црвените ѓаволи“.

Преговорите за 24-годишниот аргентински дефанзивец беа долги, зашто Ајакс не сакаше да го пушти својот фудбалер, но сепак на крајот мораше да попушти.

Трансферот на Мартинез ќе чини околу 50 милиони евра, а фудбалерот ќе потпише четири или петгодишен договор.