Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалерот на Манчестер јунајтед и португалски репрезентативец, Кристијано Роналдо би можел да се врати во неговиот поранешен клуб, Спортинг Лисабон.
Напаѓачот на „црвените ѓаволи“ не се појави на почетокот на подготовките за новата сезона, а не патуваше со тимот ниту на турнејата по Азија и Австралија.
Интересно е тоа што неговиот автомобил бил забележан пред тренинг-центарот на Спортинг, па тоа ги активираше шпекулациите за негово можно враќање во татковината.
Речиси сите португалски медиуми пишуваат дека освојувачот на пет „Златни топки“ води преговори со клубот за кој настапуваше од 1997 до 2003 година.
Cristiano Ronaldo’s car spotted in the parking lot of the Sporting CP training facility. 🇵🇹 pic.twitter.com/ETzuYox0S1
— The CR7 Timeline. (@TimelineCR7) July 17, 2022