Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Францускиот фудбалер Тимуе Бакајоко се најде во центар на внимание на италијанската јавност, откако вчера го запре полиција во центарот на Милано.
На социјалните мрежи можеше да се забележи како полиција запира автомобил, па бараат од возачот и совозачот да излезат за да ги проверат.
На видеото може да се забележи дека полицајците се однесуваат грубо кон Бакајоко, па многумина коментираа дека го третирале како криминалец.
Откако им кажаа на полицајците кого претресуваат, тие веднаш го променија својот став и прекинаа со активностите, а италијанските медиуми објавија дека дури полицајците испратиле и извинување до фудбалерот.
Полицаецот сакал да го уапси Бакајоко, иако бил совозач, но сепак се премислил кога дознал за кого станува збор.
📽 Tiémoué Bakayoko arrêté par la police italienne à Milan. Le policier, gêné quand son collègue lui apprend qu'il s'agit du milieu de terrain de l'AC Milan, semble s'excuser avant de le laisser repartir. pic.twitter.com/OrYtqiiRTY
— RMC Sport (@RMCsport) July 18, 2022