Спиеше со седум кошаркари од НБА-лигата, а сега Кендал Џенер лови нова „жртва“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Кендал Џенер секогаш е во љубовна врска со НБА-кошаркари, па досега смени дури седум партнери од најсилната кошаркарска лига.

Џенер неодамна го остави кошаркарот на Финикс, Девин Букер и реши дека е време за нова љубовна врска, а досега спиеше со седум играчи.

Првата врска ѝ беше со Дианџел Расел, додека тој играше за Лос Анџелес Лејкерс, а потоа беше во врска со Чендлер Парсонс.

Кратко се забавуваше и со Џордан Кларксон, па речиси една година беше во врска со Блејк Грифин, а потоа и со Бен Симонс.

Тука не запре и го промени парнерот, па имаше кратка романса со Кајл Кузма, а потоа почна љубовна врска со Букер, но сепак и со него се раздели по две години.

„Драфтот е готов, уште едно име треба да го пронајде својот дом. Кој тим ќе го избере Кендал Џенер? Талентирана е. Има навика да се занимава со промоција, но докторите мора прво да ѝ направат медицински прегледи“, порача поранешниот кошаркар Ендрју Богут.