Лапорта: ПСЖ и Челси му нудеа повеќе пари, но Левандовски ја избра Барселона!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Барселона за услугите на Роберт Левандовски плати 45 милиони евра, додека останатите пет милиони ќе ги исплатат преку различни бонуси.

По сагата која траеше речиси еден месец, Левандовски потпиша договор со Барселона, а по медицинските прегледи одработи и тренинг.

Полјакот го напушти Минхен по осум години и голем број титули, па потпиша тригодишен договор со Барселона, која сака да ја врати на врвот во Ла Лига, но и притоа да се вклучи во битката за „Златната топка“.

За трансферот на Левандовски во Барселона зборуваше и првиот човек на клубот, Жоан Лапорта.

„Мора да бидеме благодарни за неговиот избор, со оглед на тоа дека ја прифати нашата понуда, иако Челси и ПСЖ му нудеа повеќе пари“, кажа Лапорта.