Фитнес тренер го објасни ефектот на маските кои ги користат ѕвездите на Реал Мадрид

Шпанскиот гигант Реал Мадрид презема мерки за фудбалерите да ја пречекаат сезоната во најдобра форма.

На тренинзите во тренинг-центарот во Мадрид големо внимание привлекоа маските кои ги користеа фудбалерите на Реал.

„Станува збор за маски кои се составени од пет слоја и наменети се за тестирање на кондицијата и силата на играчите. Функцијата на масската е анализа на кислородот и јаглеродиоксидот, зашто мора да го знаеме процентот кај секој играч“, открива фитнес тренерот Пинтус.

Ова не е првпат „кралевите“ да користат вакви маски, зашто идентични маски користеа и за подготовките за сезонатра 2021/22, но и во јануари 2022 година пред мечот против Атлетик Билбао во Купот.