Како шпанска сапуница: Роналдо сака да си оди од Манчестер, Георгина избрала нов дом


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Кристијано Роналдо не се приклучи на турнејата на Манчестер јунајтед по Тајланд и Австралија поради приватни причини, а тоа дополнително ги загреа шпекулациите дека ќе си замине од клубот.

Тренерот на „црвените ѓаволи“, Ерик Тен Хаг се надева дека Роналдо ќе му се приклучи пред почетокот на сезоната, но постојано се шпекулира за трансфер на Португалецот.

Англиските медиуми објавија дека Георгина Родригез веќе избрала нов дом за семејството, а тоа е Мадрид, па затоа повторно се активираа шпекулациите за преселба на Роналдо во Атлетико.

Атлетико се обидува да се ослободи од неколку фудбалери за да ги намали трошоците за платата, а ако сакаат да го ангажираат Роналдо, тогаш дефинитивно ќе мора да го ослободат буџетот.