Тен Хаг почна со навреди на тренинг: Е*ено ѓубре! (Видео)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Холанѓанецот Ерик Тен Хаг стана тренер на Манчестер јунајтед, па почна со промените во соблекувалната на премиерлигашот.

Ѕвездите на тимот од Манчестер се подготвуваат за новата сезона, а англиските медиуми следеа еден од тренинзите на „ѓаволите“.

Тен Хаг почна да го имплементира неговиот стил на игра, а очигледно не мисли да внимава на неговиот начин на изразување.

Новинарите го снимија тренерот, како почна да вика по еден од своите фудбалери, па снимката стана хит на социјалните мрежи.

„Држи ја топката на теренот. Еј! Држи ја топката. Е*ено ѓубре“, викаше Тен Хаг.

Манчестер јунајтед ќе ја почне сезоната на 6 август против Астон вила, а минатата сезона заврши на шестата позиција, па сака оваа година да се вклучи во битката за титулата.