Тен Хаг: Не можам да го чекам Роналдо!


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Тренерот на Манчестер јунајтед, Ерик Тен Хаг нема трпение за никого, па така ниту за Кристијано Роналдо и јавно кажа дека не е среќен поради тоа што се случува во тимот.

Тен Хаг тргна со три победи во подготовките за новата сезона, а Тен Хаг остана без услугите на Португалецот, кој не патува на турнејата поради приватни проблеми.

Роналдо во меѓувреме си бара нов тим, откако веќе беше одбиен од неколку екипи, па Тен Хаг кажа дека ситуацијата не е променета, но повеќе нема време да го чека португалскиот репрезентативец.

„Ситуацијата со Роналдо е иста како минатата недела. Ако дојде, тогаш ќе се обидам да го вметнам во екипата. Во моментов работам со достапните фудбалери. Не може да го чекаме Роналдо да се врати“, кажа тренерот.