Симеоне снимен како зборува за тоа кого сака да донесе во Атлетико Мадрид


    Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


    Аргентинскиот стратег, Диего Симеоне неодамна го скрати својот договор со Атлетико Мадрид.

    Неговото барање во медиумите ги подгреа шпекулациите дека наскоро би можел да го напушти Атлетико, но според последните шпекулации не може да се заклучи дека во овој момент тој размислува за напуштање на Атлетико Мадрид.

    Симеоне веќе размислува за можните засилувања за следната сезона и како што објавија медиумите во Шпанија, на терасата во еден ресторан во Мадрид снимен е како зборува со пријателите за играчите кои сака да ги донесе на „Висенте Калдерон“.

    „Како да е на електричен погон, тој е иднина, кога шутира тоа е одлично“, рекол Симеоне за играчот чие име шпанските новинари не успеале да го дознаат.

    Некои претпоставуваат дека станува збор за Диабала, но во таа трка, Симеоне има минимални шанси бидејќи одличниот напаѓач сака да го продолжи договорот со Јувентус.