Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Генералниот секретар на аргентинската репрезентација, Хорхе Мидоску изјави дека Лионел Меси не се грижи доволно за себе.
Напаѓачот се повреди во дербито против Атлетико Мадрид минатиот месец, а оттогаш пропушти два натпревари за Барселона. Меси нема да настапи и на двата натпревари за Аргентинската репрезентација против Парагвај и Перу.
„Оној кој не внимава е самиот фудбалер, кој што сака само да игра“, изјави Мидоску.
„Сите ние треба да се грижиме за него. Сметам дека репрезентацијата се грижи на најдобар можен начин за повредените играчи. Меси на теренот ќе се врати следните недели и се надевам дека ќе можеме да го користиме за натпреварите во ноември“, додаде генералниот секретар на аргентинската репрезентација.