Чуден план на „ѓаволите“: Тен Хаг сака да го смени Роналдо со 19-годишен Словенец?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Манчестер јунајтед е пред тешка одлука затоа што Кристијано Роналдо сака да си замине од клубот бидејќи не игра во Лигата на шампиони (ЛШ), меѓутоа не може да си пронајде нов тим.

Тренеро Ерик Тен Хаг кажа дека ќе смета на Ентони Марсијал во новата сезона, меѓутоа бара уште едно решение за нападот, а тоа е младиот Бенџамин Шешко од Словенија, кој игра за Салцбург.

Британските медиуми пишуваат дека „ѓаволите“ веќе го контактирале неговиот клуб за да го добијат потписот на младиот напаѓач, но сигурно нема да биде лесна задача.

Напаѓачот е прв избор на „биковите“ во новаата сезона и веќе постигна два гола, додека вкупно има 12 погодоци во дресот на Салцбург.