Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Францускиот шампион, ПСЖ појавува сериозен интерес и е пред завршуваше на преговорите со шведскиот репрезентативец, Виктор Линделоф од Бенфика, пишува „Le 10 Sport“.
Линделоф е репрезентативец на Шведска, игра како десен бек и централен дефанзивец, а во моментов е во кампот на тимот пред натпреварите со Бугарија и Луксембург. За трансферот на Линделоф во Парис лично инсистира менаџерот на ПСЖ, Унаи Емери.
Линделоф треба да даде повеќе варијанти за одбраната на ПСЖ по заминувањето на Давид Луиз во Челси. Сега за сега се споменува сума од 30 милиони фунти, која Бенфика ќе ја добие за играчот кој има само 22 години.
Интерес на Линделоф покажа и Интер, но веројатно ако станува збор за кревање на цената, ПСЖ нема да има конкуренција.