Харден потпиша нов договор со Филаделфија


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Џејмс Харден денеска потпиша двегодишен договор со Филаделфија, а во соработката постои опција играчот да си замине по оваа сезона ако има таква желба.

Харден не е загрижен премногу за неговата иднина затоа што има добра финансиска понуда, па затоа бараше од газдата на Филаделфија да му го даде остатокот од парите, додека останатите да ги вложи во засилувања.

„Овде сакам да играм. Тука сакам да победувам и да мислам дека имаме шанси за успех. Навивачите ми помогнаа да се чувствувам како дома. Возбуден сум дека продолжуваме да го градиме тоа од минатата сезона“, кажа Харден.

„Брадата“ имаше 22 поени во просек минатата сезона, а Бруклин нетс го трејдуваше во Филаделфија во февруари, по што доживеа и повреда.