Официјално: Алиоски ќе игра за Фенербахче!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски ќе игра за турскиот гигант Фенербахче, откако поранешниот шампион се договорил со фудбалерот и во следните денови ќе биде официјално промовиран.

Фенербахче беше само еден од тимовите кои покажаа интерес за македонскиот фудбалер, откако претходно за него се бореа и Трабзонспор, Бешикташ и Фрајбург.

Алиоски во Фенербахче доаѓа по една година помината во Саудиска Арабија, односно тимот на Ал-Ахли, а претходно играше за Лидс.